Нова драма во семејството Кардашиан. Овој пат моделот Мајкл Гиргенти кој своевремено соработувал со Кортни Кардашиан тврди дека тој е биолошкиот татко на нејзиниот син Мејсон.
Моделот од Лос Анџелес, Мајкл Гиргенти, кој во 2008 година заедно со Кортни Кардашиан се фотографирал за насловната на магазинот „944“, сега за „In Touch“ тврди дека тој е биолошкиот татко на нејзиниот син Мејсон. Мајкл тврди дека тој и Кортни биле заедно точно девет месеци пред да се роди Мејсон.
Мајкл и Кортни наводно имале афера во 2009 година, кога Кортни накратко ја прекинала врската со своето сегашно момче Скот Дисик. Девет месеци подоцна Кортни го родила Мејсон, а Скот е наведен како татко на детето.
Меѓутоа, Мајкл сега тврди дека тој е неговиот биолошки татко.
„Кога се роди Мејсон, ги видов неговите фотографии и почнав да се прашувам“.
Кортни, пак, признава дека соработувала со Мајкл, а дека се останато, според зборовите на нејзиниот адвокат, е лага.
„Кортни соработувала со него во 2008 година и по тоа не одржувале контакти, никогаш не биле на само ниту, пак, се гледале. Кортни, никогаш не била интимна со него“, тврди адвокатот.
И покрај тоа, Мајкл бара ДНК тест, тврдејќи дека само сака да ја знае вистината.