СВР Тетово информира дека синоќа (22.10.2024) околу 23.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.С.(31) од Долна Бањица, во врска со претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 23- годишна сопруга.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, извести полицијата.