„Село на птиците“ – Наместо да зборуваат, комуницираат со свиркање!

На Панама постои вид златна жаба што живее до гласните водопади, па комуницира со мафтање. Луѓето од Кушкој, село во Турција, пак, комуницираат со свиркање.

Уште од пред да имаат електрична енергија, а не пак мобилни телефони, тие успешно комуницираат на далечина. Жителите на Кушкој (во превод – „Село на птиците“) користат „kuș dili“ (во превод – „јазик на птиците“) уште од пред 400 години, како последица на работење во полињата на Понтичките Планини. Конфигурацијата на теренот го прави тежок за патување, макар и на мали далечини, па селаните имале потреба да најдат алтернатива за зборувањето и довикувањето, алтернатива што би овозможила комуникација на големи дистанци. Инспирирани од песната на птиците, тие почнале да ги свиркаат слоговите од турските зборови, што се покажало многу ефикасно.

whistling

Со „Јазикот на птиците“, селаните меѓусебно се известуваат за посетителите, бараат помош и разменуваат покани за пријателски чај. Некогаш дури имаат и комплексни, долги разговори, само со свиркање. Птичјата песна на луѓето од Кушкој одекнува до далечини од 1 километар. Ако дистанцата е поголема, соседите се љубезни и ја пренесуваат пораката понатаму, се додека да стигне до оној за кого е наменета.

Прочитајте и:  150 години од раѓањето на Крсте Мисирков, кодификаторот на македонскиот литературен јазик

Луѓето од Кушкој се меѓусебно многу блиски, а уште повеќе откако во 1986-тата добиле електрична енергија. Постепено, помладите жители се повеќе се навикнувале на модерниот живот, а денес ги користат бенефитите на мобилната телефонија и интернетот, што пак, води кон изумирање на „птичјиот јазик“. Фатих Кара, градоначалник на селото, смета дека мора се зачува ова наследство.

cometothefestival

Заедно со Шереф Кочек – директор на „Асоцијацијата за јазик на птиците“, последниве 15 години, организираат годишни фестивали со цел да се привлечат туристи, да се промовира „kuș dili“, но и да се поттикнат младите да го вежбаат и употребуваат. 45-годишниот фармер, Ибрахим Кодак, е еден од најредовните учесници на фестивалот, но и на натпреварот во „птичји јазик“, кој се состои од пренесување на што покомплексна порака, преку свиркање, се до другиот крај на долината, каде што се наоѓаат судиите.

[youtube]http://youtu.be/P0aoguO_tvI[/youtube]

Секоја година, околу 2000 луѓе учествуваат на фестивалот, но сепак, за постарите жители, манифестацијата се претвора во се поголемо разочарување. Младите посетители се повеќе заинтересирани за музиката и забавата, отколку за уникатниот белег на ова турско село.

- Реклама -