Самофотографирањето познато како селфи, статистички е поголем убиец од ајкулите.
Имено, годинава 12 лица починале додека си правиле селфи, во споредба со 8 лица убиени од ајкули.
Најновата жртва на селфи стикот е 66-годишен јапонски турист, кој паднал, додека се обидувал да си направи селфи во Таџ Махал минатата недела.
Министерот за внатрешни работи на Русија дури ја предупреди јавноста за опасноста од овој тип на фотографии:
„Пред да си направи селфи, секој треба да мисли на тоа дека екстремната слика може да е последната во неговиот живот“, изјави тој.
Прочитај повеќе: Смртоносно селфи