На 20-годишната студентка Ноа Јансма од Амстердам ѝ е преку глава разни чичиња да ѝ свиркаат и довикуваат додека оди по улица. Пред некое време по интернет (нé мрзи да го бараме) кружеше видео од типка што шета по улици додека скриена камера ги снима реакциите на напалените машки примероци околу неа. Ноа оди чекор побезмилосно – цел септември сликала селфи со секој од досаѓачите.
Освен што така имаме можност да видиме отприлика што луѓе се (сепак по нешто им се чита од фацата), Ноа започна цел тренд на Инстаграм, под хаштагот (или како и да го викаат на инста) „ @dearcatcallers “. Се надева дека и други жени и девојки ќе се приклучат на акцијата.
Во случај некој од машките читатели да се побуни зошто ги викаме чичињава и младиве напаленковци „сељаци“, знајте само дека од 1 јануари 2018-та во Холандија, довикувањето и свиркањето по непознати жени и девојки по улица (познато како „catcalling“, затоа што е однесување слично на мачките пред парење) ќе се казнува по закон, и тоа со казни до 190 евра. Се кладиме дека нема да најдете многу жени што не би сакале истата забрана да важи и во нивниот град (читај: кај и да е и другите земји ќе почнат да го следат примерот на Холандија).