Иако навикнавме во „Spring Breakers“ да ја гледаме во колоритни бикини и вообичаени парчиња облека карактеристични за девојки кои сакаат да се забавуваат, Селена Гомез (20) за снимањето на нејзиното последно музичко видео се претвори во вистинска секси дама. Нејзиниот стил беше очигледно инспириран од модата од 60-тите години, а сцените за видеото беа снимени во Калифорниската пустина.