Селена Гомез го исмеа Џастин Бибер дека плачел по неа

Младата актерка Селена Гомез гостуваше во шоуто на Дејвид Летерман. Поранешната девојка на Џастин Бибер блескаше во краток фустан, па таа воедно ја искористи пригодата да се пошегува на сметка на нејзиното поранешно момче.

Селена во ноември ја раскина врската со канадскиот пејач, а сега опуштено и среќно го промовираше нејзиниот нов филм „Spring Breakers“.

Во моментот кога Летeрман и раскажа на црнокосата актерка за тоа како кога последниот пат Бибер гостувал кај него, се расплакал во текот на нивниот разговор, Селена се пошегувала и рекла: „Значи сега и двајцата го имаме расплакано.“

http://youtu.be/PXp347jV5YQ

- Реклама -