Села дециден дека го сака Министерството за здравство

Коалициониот партнер на Зоран Заев, лидерот на Алијансата за Албанците, смета дека е понижувачка понудата за вицепремиерска позиција за реформи.

По средбата со премиерот, Села е дециден дека ресорот здравство треба да остане кај Алијансата за Албанците.

Претходно, Арбен Таравари беше назначен за министер за здравство, но потоа тој стана градоначалник на Гостивар, предложен токму од Алијансата за Албанците.

Она што е сигурно е дека АзА останува дел од владината коалиција, но како што изјави и самиот Зијадин Села, понудата за „вицепремиер за носење бурек“ ќе им ја отстапи на ДУИ.

Прочитајте и:  Таравари: Наскоро нов тендер за набавка на компресорски систем за Клинички центар
- Реклама -