Y2K 2.0 – секундата која го сруши интернетот

„Престапната секунда“ беше подесување од една секунда направена врз атомскиот часовник во 23:59:59 универзално време во саботата, 30 јуни 2012.

Но по таа координација и разликата од една секунда голем дел од интернетот – вклучувајќи и сајтови како Reddit, FourSquare, Yelp, LinkedIn, Gawker, StumbleUpon и други – искусиле технички проблеми. Проблемите во поголем дел биле куси. Еве што точно се случило.

Има мала разлика помеѓу традиционалното „ротационо време“ и модерното „координирано универзално време“ поради фактот што Земјата ротира малку побавно секоја година поради плимите и внатрешните процеси. Ниту еден часовник не може да собере „дополнителна секунда“ па часовниците застануваат една секунда во 23:59:59 за да се додаде „престапната секунда“ во универзалното време.

Елиса Фелиситас Ариас од Меѓународното Биро за Тежини и Мерки објасни во 2008 година дека „Можеби се чини глупаво да се внимава на разлика од една секунда, но за берзите една секунда е многу важна. За аеродромите една секунда е многу важна. За глобаните навигациони сателити една разлика од една секунда е апсолутно неприфатлива.“

На темата справување со потенцијални катастрофи при престапни секунди Марко Маронгиу објаснил дека иако престапната секунда била имплементирана многу пати од нејзиното воведување во седумдесетите, многу системи и апликации сè уште не се приспособени на промената.

Но, многу од популарните сајтови и апликации на интернетот не биле приспособени за поместувањето на престапната секунда и многу од нив имаа проблеми од моментот на подесувањето. Reddit, Gawker, StumbleUpon, Yelp, FourSquare, LinkedIn и Meetup се само некои од сајтовите чии проблеми траеја малку подолго.

- Реклама -