Пишува Биљана Секуловска за „НОВА ТВ“:
Има многу теории и сценарија за падот на Боки 13, но една изгледа најверојатна, единствено можна, претпоставувам вредна за разгледување.
Оној што му го всадил црвот за отворање на телевизија- 1ТВ, со идеја таа да стане моќно орудие, е истиот мозок кој ја урна и целата империја која се градеше околу Боки 13, тој е истиот кој го измисли и го уништи.
И не само него. Еден по еден, како на шаховска табла ги урива подоцна сите фигури- обвинителка, бизнисмени, политичари, интелектуалци, криминалци, знајни и незнајни јунаци на една од најголемите операции на овие простори.
Кралот се остава на крај, но тоа секако не е Боки, тој е само попатната фигура која била диригирана да ги следи упатствата: ги намамувала жртвите, ги ловела и ги обработувала со мајсторски потези и врвни тактики и стратегии, во кои доброволно се вплеткувале.
Идејата била секако само една- да биде распослана од едниот до другиот крај, до каде може да стасува пајаковата мрежа, да биде филигански извезена, да се натрупуваат жртвите, да се заплеткуваат и да се врзуваат самите.
Со сопствените прсти да ги онеспособуваат рацете и нозете, сами на себе, едни на други, сам по сам да се привлекуваат, да се задржуваат, да се уништуваат.
Целата колума ТУКА.