Сексот и доброто расположение

Повеќе...

Изгледа дека најновите истражувања на сексолозите и физиолозите ќе ја потврдат старата максима дека "кондомот е несигурна брана за зачеток и челичен оклоп против задоволството".

Изгледа дека најновите истражувања на сексолозите и физиолозите ќе ја потврдат старата максима дека "кондомот е несигурна брана за зачеток и челичен оклоп против задоволството".
 
sex.jpg
Научниците од државниот универзитет во Њујорк докажале дека во спермата се наоѓаат хормоните на "доброто расположение" кои кога ќе навлезат во организмот на жената ја прават да се чувствува добро и задоволено, но и предупредуваат дека тоа не смее да биде причина за несигурен секс. Докторот кој го предводел тимот научници и чие истражување го објавил во магазинот "New Scientist" нагласил дека тие всушност не препорачуваат да не се користи кондом. Сосема јасно сакале да дадат до знаење дека несаканата бременост или болестите кои се пренесуваат со сексуалниот контакт сосема ќе го уништи секое психолошко задоволство кое го пружаат хормоните од спермата. 
Истражувањето е спроведено со испитување на 300 студентки преку поставување на стандардни прашања во врска со нивниот сексуален живот. Оние чии партнери никогаш не користеле заштита добиле оцена 8, за разлика од оние кои повремено имале односи со или без кондом и кои заработиле 11,3 поени на скалата од 1 до 20. Но, студентките, кои пак, потполно апстинирале оценети се со 13,5 бодови. 
Депресијата и лошото расположение кај студетките чии партнери повремено или никогаш не користеле кондом била сѐ поизразена колку повеќе тие апстинирале. Научниците трагале и по други фактори кои би можеле да влијаат на лошо расположение како антибеби пилулите, зачестеноста на сексуалните односи како и личниот ментален и физички склоп, но утврдиле дека ниеден од нив не влијае на налозите. 
За сексолозите и физиолозите резултатите од истражувањето воопшто не се изненадувачки бидејќи одамна е познато дека во спермата се наоѓаат неколку хормони кои го "контролираат расположението кај жените", покрај кои и тестостеронот. Некои од овие хормони се пронајдени и во крвта кај жената само неколку часови по сексуалниот однос без кондом. 
Научниците сепак сметаат дека спермата влијае врз расположението на жените без разлика на кој начин тие ќе ја "примат". 
- Реклама -