Сексизам, расизам и идиотизам

После скандалот што “нè извади од патики” дека на Оскарите имало премногу белци и црнците повикале на бојкот , денес налетуваме на една слична глупост што се бави со сексизмот.

1-majki-iskoristete-go-sekoj-moment-16-inspirativni-filmovi-koi-treba-da-gi-poglednete-zaedno-so-vasheto-dete-www.kafepauza.mk_

Филмовите “Покахонтас”, “Мулан” и “Малата сирена” според ново истражување покажале дека машките ликови во нив имале повеќе реплики, што ја прави компанијата “Дизни” секстичка, пишува The Independent.

Лингвистите Кармен Фот и Карен Ајзенхауер откриле дека мажите изговараат 76% од репликите во “Покахонтас” (1995 година), 77% во “Мулан” (1998 година) и 68% во “Малата сирена” (1989 година) .

Насловот на “Убавицата и ѕверот” (1991 година) може и да делува рамноправно на прв поглед, арно ама Ѕверот изговорил 71% од сите реплики во лентата. Најшокантен бил случајот со “Аладин” (1992), каде на машките ликови им биле дадени дури 90% од разговорите.

Истражувањето подлежи и на уште една апсурдна споредба дека кај постарите филмови на “Дизни”, работите не стојат така. Во “Снежана” (1937 година), “Пепелашка” (1950) и “Заспаната убавица” (1959 година) принцезите биле оние кои зборувале повеќе. Со “Малата сирена” сепак започнува ерата на сексистички став кон жените, тврдат истражувачите.

Сега чекаме мажите да обвинат за феминизам по повод ставов и барањето на процентуална еднаква застапеност, па да гасиме интернет.

 

- Реклама -