Џенифер Лопез ја објави насловната страна на нејзиниот нов албум.
Иако Џенифер Лопез го осигураше задникот, има уште добри адути кои не ги сокрива. А токму тие ја красат насловната страница на нејзиниот последен студиски албум, А.К.А.
40-годишната пејачка фотографијата ја споделила со обожавателите на Твитер па ги информирала дека наскоро да очекуваат вистински музички настан.
Џенифер го издаде својот нов сингл ‘First Love’, а во него познатата пејачка ги опеала поранешните врски. „Би сакала да си ми прва љубов, бидејќи ако ми беше прва, душо, не би имало ни втора, трета ни четрвта љубов“, пее популарната Џенифер.
Џеј Ло до сега била во брак три пати, а моментално е во врска со танчерот Каспер Смарт.