- Веројатно не водите евиденција за тоа колку често имате секс и сметате дека тоа е глупава идеја. Можеби треба да го промените ставот.
Иако делува како губење на време и како можна закана за спонтаноста и романтиката во сексуалниот живот на парот, еден корисник на Reddit е жив пример дека секс-календарот може да се покаже како големо подобрување на страста меѓу постелнините. Неговата приказна започнува со неговата одлука да почне да ги бележи сексуалните активности со неговата сопруга во календарот. Со цел работите да продолжат да се одвиваат природно, без искривување на веродостојноста на резултатите од овој негов експеримент, тој го криел планот од сопругата се додека ова мини-истражување не било завршено.
Следуваат резултатите:
- Парот бил заедно 14 години, од кои 6 биле во брак. Имале 2 деца.
- Во просек, имале секс секој трет ден.
- Воглавно, најмногу секс имале во недела.
- Најдолгата серија на имање секс траела 4 последователни дена, а надолгата серија на апстиненција – 12 дена.
- Вкупно, за една година, парот имал секс 119 пати.
Кога и ги презентирал резултатите на својата сопруга, првата нејзина реакција била: „Сигурна сум дека следнава година можеме да го победиме овој резултат“.
Очигледно, водењето на евиденција може да претставува добар увид во тоа колку нашиот сексуален живот се поклопува со нашите сексуални потреби, и што е најважно, колку многу пропуштаме. А тоа е првиот чекор кон решавање на проблемот.