Неименуван британски спортист за Daily Mail го раскажа своето секси доживување од Олимписките Игри, кога заедно со уште еден колега имале групен секс со две Украинки во Олимпиското Село.
„Сите таму дојдовме да се натпреваруваме, тоа не е спорно. Првата недела бевме фокусирани на натпреварите, но потоа беше лудо. Тогаш имавме многу повеќе слободно време и стана многу возбудливо. Обично сè почнува со размена на телефони, Facebook, Twitter“ раскажува британскиот спортист. Потоа ги сретнале Украинките.
„Се здруживме со Украинките и тие сакаа да ги изведеме надвор од Олимпиското Село, во некои пабови во Лондон. Го сторивме тоа, се напивме добро, а потоа се вративме и ги поканивме во нашата соба. Прошверцувавме уште алкохол и веќе другиот момент почнавме да се љубиме.“
„На крајот сè заврши со секс во четворка. Една од Украинките беше искусна, навистина знаеше што прави. Другата се обидуваше да ја следи. Истата вечер можевме да бидеме дури и со Американките и тие не викаа во својата соба, но сепак не отидовме“ навлезе во детали спортистот од Велика Британија во интервјуто за Daily Mail.
На крајот, тој истакна и кои спортистки биле најактивни во текот на Игрите, но во креветот а не на борилиштата. „Секако, Американките. Но, исто така и спортистките од Источна Европа. Беше навистина прекрасно доживување“ заврши неименуваниот британски спортист.