Кога фотографот Курт Холандер од Мексико Сити го посетил Кали во Колумбија, резервирал престој во еден поинаков хотел – Мотелот Kiss Me („бакни ме“), кој всушност е „катедрала за љубовници“ со 180 соби. Живеел во еден од апартманите околу две недели, со дозвола слободно да шета низ ходниците и халите, каде зад затворени врати, мажи и жени имаат секаков вид секс, и тоа пред тематски ѕидни инсталации по сопствен избор.
Секоја од собите, објаснува фотографот, е уникатна и моделирана според специфичен мотив. Некои се базирани на далечни земји, како Индија, Кина, Древен Египет, нацистичка Германија и слични; други следат поопшт концепт, како арктичку иглу или подводен свет. Мотелот е декориран од локалните сликари и скулптори, а опремен е со неколку порнографски ТВ канали и „снабдена“ продавница за секс-играчки.
Проституцијата е легална во областа, но Холандер сведочи дека мотелот Kiss Me е и за обичните парови кои бараат мало гламурозно бегство од секојдневноста. Кичестиот декор овозможува ретка шанса да се избега од семејниот живот, а кај некои и ја задоволува фантазијата за посета на инаку недостапни кралства/земји/светови. Постои дури и соба на тема Њујорк, посветена на страшниот напад на „кулите близначки“. Ама Холандер не е таму за да суди.
Kiss Me, за Холандер претставува долга традиција на уметност создадена со примарна цел да инспирира секс. Во него тој гледа модерен еквивалент на еротските пештерски цртежи и еротските илустрации во храмовите на античкиот свет. Тоа што во мотелот овие објекти се замислени како реквизити кои „го прошируваат сексуалното искуство“, не ги прави помалку вредни од уметнички аспект, вели Курт. Еве, на пример, на врвот на хотелот има 4-тонска скулптура од Афродита…