Пет причини за секс за една ноќ

Постојат голем број работи што може да ги научиме за себе преку сексот за една ноќ. Иако тој се вбројува во табу-темите, доколку секогаш е безбеден и се практикува умерено, тогаш дефинивитно немате причина зошто да го избегнувате. Особено жените може да ја извлечат важната поука дека сексот не секогаш значи водење љубов.


Здрав сексуален живот

Кога и да имате секс, тоа го правите затоа што сакате да се чувствувате добро. Тоа значи дека може да имате сексуални односи со партнерот со кој сте во сериозна врска и кому безрезервно верувате, но и со целосен странец што веројатно никогаш повеќе нема да го видите. Ако опуштањето, забавата и уживањето се работите што моментно ви се потребни, тогаш апсолутно нема причина зошто не би си дозволиле секс за една вечер.

Каењето е трошење енергија

Целосно е бесмислено да се каете по сексот без обврски. Ако користевте заштита, бевте физички безбедни и конечно, имавте одличен секс, тогаш навистина нема за што да жалите следното утро. Повременото задоволување на сексуалните потреби не значи дека имате ниски морални вредности. Ако, пак, се грижите како околината ќе реагира на тоа, тогаш размислете дали навистина сакате другите да управуваат со вашиот живот и да носат одлуки наместо вас.

Сексот со странец е искрен

Сексот со странец е веројатно најискрениот контакт меѓу двајца луѓе, затоа што во него нема скриени игри, ниту натпревар за тоа кој е помоќен и ги држи сите карти. Единствено постои уживањето и тоа целосно отворено и искрено, без скриени очекувања.

Не ве троши емоционално

Кога емотивно ќе се врзете за некоја личност, тоа може навистина да ви одземе многу енергија, а особено ако не добивате многу за возврат од неа. Меѓутоа, во сексот за една вечер нема време за будење на чувствата, ранливоста и сомнежите. Едноставно го добивате она што го сакате и продолжувате понатаму.

Нема губење време

Една од најдобрите работи кај сексот за една вечер е што не мора да проценувате дали партнерот со кој сте во кревет е за вас или не. Неговата крајна цел е малку забава без упорното претходно запознавање, безброј состаноци и пораки. Важно е да не заборавате дека сексот без обврски треба да биде ваша доброволна одлука, поради која на крајот на денот ќе се чувствувате подобро.

- Реклама -