Ангус Т. Џоунс доживеа криза слична на онаа на Чарли Шин, кажувајќи им на гледачите да престанат да ја гледаат “Two and a Half Men” бидејќи серијата е „ѓубре“ и „непристојна“. Редно беше да видиме и пародија.
Во видеото, актерот Рејн Вилсон од “The Office”, седнат до неговиот колега Крег Робинсон објаснува „Двајт од ,The Office’ не е ништо, добро?“ Тој додава „Ако гледате “The Office”, ве молам не гледајте “The Office”. Јас сум на “The Office”. Тоа е ѓубре. И тоа ѓубре ќе ви го скапи мозокот.“
[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=KTju7uI8-1o [/youtube]
Забелешките на тинејџерот – тој бара од фановите да „истражуваат за ефектот кој телевизијата го има врз вашиот мозок“ и ја споредува телевизијата со ѓаволот – се напад врз серија во која тој глуми веќе 10 години и на која заработува по 300.000 долари по епизода.
Џоунс ги дал своите забелешки на интернет интервју во кое, како дел од негово религиозно сведочење, велејќи „Јас сум на “Two and a Half Men”, а не сакам да бидам. Ве молам престанете да гледате. Престанете да ја полните својата глава со ѓубре. Ве молам.“ Џоунс подоцна се извини за неговата изјава, велејќи дека има огромна почит за луѓето со кои работи на комедијата.