Секој си го носи тоа во гените (тест)

Повеќе...

Дали ќе кажеш дека чашата со вода е полупразна или полуполна зависи од твоите гени, тврдат научниците на едно британско истражување, чии резултати покажале дека варијацијата на гените одговорни за менување на расположението влијае на песимистичкиот односно оптимистичкиот поглед кон светот.


optimizam.jpg

Дали ќе кажеш дека чашата со вода е полупразна или полуполна зависи од твоите гени, тврдат научниците на едно британско истражување, чии резултати покажале дека варијацијата на гените одговорни за менување на расположението влијае на песимистичкиот односно оптимистичкиот поглед кон светот.
Научниците откриле дека различните верзии на гените кои учествуваат во преносот на серотонин кој влијае на расположението, влијае на тоа дали нам ќе ни привлечат повеќе внимание позитивните или негативните идеи и случувања. Оние кои ја поседуваат долгата верзија на тој ген склони се повеќе кон позитивните мисли и се фокусираат на позитивниот аспект на животот, намерно обрнувајќи помалку внимание на негативностите. Спротивно од нив, пак, оние со краткиот ген го прават токму спротивното. 
Истражувачите искористиле 97 доброволци на кои им биле прикажувани слики со позитивни и негативни идеи. Им биле прикажувани убави, непријатни и неутрални слики за да се утврди кои идеи најмногу ќе им го одземат вниманието. На оние со долга верзија на генот повеќе внимание им привлекувале сликите со позитивни идеи, како слатки на пример, а на другите погледот им се задржувал на негативните слики, како на пример пајаци. Факт е дека кај позитивците изразена е друштвеноста, а додека негативците се полни со нервоза и анксиозност. 
Психолозите кои учествувале во оваа истражување веруваат дека резултатите би помогнале во развивање на нови третмани против депресија и анксиозност. 
Во едно друго паралелно на ова истражување спроведено врз 2000 волонтери скоро две третини од нив изјавиле дека позитивниот став е заразен и дека може да не направи повеќе привлечни на спротивниот пол!
Еве едно интересно квизче кое може да ти открие колку си оптимист!
- Реклама -