Секој може да направи анимиран клип со Xtranormal

Xtranormal Ако знете да напишете дијалог и да кликате на маусот, веќе сте на пат да го создадете вашето анимирано ремек дело. На Xtranormal можете едноставно да креирате анимиран клип: избирате карактер, го впишувате текстот или сценариото, потоа избирате израз на лицето, камера и звуци, сето тоа едноставно со влечење и кликање на маусот. Кога на крај ќе ги составите сите делчиња, кликнете „акција“ и Xtranormal ќе ви го рендерира вашиот клип. Доколку се регистрирате можете да го зачувате вашето дело за понатамошно дотерување и се разбира, на крајот можете да го покажете вашето ремек дело на другите.

- Реклама -