Секогаш уникатна: Ријана на шопинг во Париз

Кога станува збор за уникатен стил, секогаш на прво место ја ставаме Ријана.

Пејачката моментно се наоѓа на турнеја во Европа, а престојот во Париз го искористи за шопинг. Убавицата од Барбадос се одлучи за бело здолниште, палто и топ во комбинација со златни патики на платформа. По малку наликува на тенисерка, а тоа не е случајно. Инспирацијата сигурно ѝ дошла од Roland Garros турнирот што се игра во француската престолнина.

- Реклама -