Сека ја откри својата следна летна дестинација

Фолк ѕвездата Сека Алексиќ го посетила саемот за туризам во Белград, а покрај туристичките ангажмани за зимата која од минува и за претстојното лето, популарната пејачка ги разгледала и понудите за пролетните крстарења.

– Албумот излегува за неколку дена, а со тоа почнуваат и многу работни обрски, сепак ќе најдам време за одмор, бидејќи навистина не би можела без тоа, рекла Сека и открива која ќе биде нејзината следна летна дестинација.

– Оваа година ќе летувам во Турција! Се уште не сум сигурна дали тоа ќе биде Анталија, Аланија, Кемер или Белек, но изборот ќе падне на некои од овие четири бисери. Познато е дека го сакам Египет, и дека таму одам барем еднаш годишно, но промените се секогаш добредојдени, вели пејачката.

- Реклама -