Освен што е згоден и талентиран, се чини дека вереникот на актерката Џенифер Анистон е и надарен!
Актерот Џастин Тери, долгогодишниот дечко на познатата Џен, глуми главна улога во серијата „The Leftovers“, а по снимањето на првата епизода го дочекале два пара гаќи кои морал да ги носи под тренерките.
Во интервју за ток-шоуто „Конан“, актерот објаснил дека се изненадил кога видел неколку пара долна облека и првата работа која ја помислил е дека може да бира од нив, но набрзо му објасниле дека мора да ги облече сите на себе бидејќи неговата „опрема“ премногу доаѓа до израз додека џогира во тренерки.
Дури и Лив Тајлер признала дека ѝ било тешко да се сконцентрира додека ја глумела сцената со Џастин бидејќи постојано гледала во неговата „надареност“…