Поради кризата со коронавирусот и вонредната состојба, секако, откажани се и сите едукативни настани и организирани посети на македонскиот парламент. Затоа, пак, отворена е нова веб страница на која секој може да прошета низ зградата на Собранието, се разбира, виртуелно.
„Со прогласувањето на состојба на пандемија од страна на СЗО и согласно со препораките на владата на Северна Македонија, од 11 март, сите едукативни активности наменети за јавноста, како и организирани посети на зградата на законодавниот дом се одложени, сѐ до нормализација на ситуацијата. Во меѓувреме, секој што би сакал да ја разгледа внатрешноста на зградата, тоа може да го направи преку нашата виртуелна тура“, порачуваат од Собранието.
Виртуелната тура ќе ја најдете на следниов ЛИНК: vtour.sobranie.mk . Во продолжение само мал извадок од она што можете да го видите таму: