Повеќето луѓе би сакале да земат тура по коралниот гребен, но нуркањето може да биде многу бавно и тешко да се совлада. Сега еден норвешки фанатик по едрење најде нов начин да се патува под вода со енергичност и грациозност на делфин.
Симон Сивертсен создаде паметен уред со две крила кои ги влечат чамец за да му овозможат на лицето да биде влечено под вода додека може да се извртува и прави акробации под вода.
20-годипниот дојде до идеата за Subwing во 2010-та година за време на пловидба по Медитеранот.
Уредот е приврзан за брод со Dyneema јаже- најсилното јаже во светот- и се карактеризира со две крила, кои може да се ротираат поединечно за да се контролира движењето. Со држење на овие крилја нуркачот ќе може да биде влечен по должината под водата од 2.3mph до 4.6mph со маска за нуркање кое е единсвеното додатно парче опрема потребно за да се создаде чуство на летање под вода.
Поради начинот на кој јажињата се закачени за крилата, силата балансирана меѓу нив, за да може да ја намали енергијата потребна за користење на уредот и им овозможува на нуркачите да го задржат здивот подолго време.
Почетниците обично поминуваат помеѓу 10-15 секунди под вода, нуркајќи околу три метри- но со повеќе обука и вежбање корисниците ќе можат да одат и подлабоко и подолго.
Subwing уредот чини 490 долари за основниот модел, со ултимативното ‘carbon glossy’ верзија од 895 долари.
Постојат и број на додатоци кои можете да ги прикачите за крилото, вклучувајќи систем за осветлување за темните води и GoPro камера за да го снимите своето прекрасно искусвто на филм.