Седумте најголеми мистерии на човековото тело

c23f39f5a42273f278a901243b80dc6e[1]

Ако си љубител на мистерии, погледни се во огледало.

На толку напредок, нормално е човек да помисли дека научниците веќе ја имаат завршено работата на домашен терен – човековото тело. Ама не е така. Еве неколку загатки што уште ги мачат.

Зошто толку мекуши?

ape-human-02[1]

Ако избричиш шимпанзо и го сликнеш од вратот до појасот, „на прв поглед нема да забележиш дека тоа не е тело на човек“, вели Кевин Хант – директор на Лабораторијата за човеково потекло и еволуција на приматите на универзитетот во Индијана. Мускулатурата и кај двата вида е извонрдено слична, ама ете некако, шимпанзата се меѓу два и три пати посилни од луѓето. Нејасно е зошто сме толку помеки од нашите најблиски хоминидни роднини; можеби постои некаква суптилна разлика во тоа како ни се прикачени мускулите, или можеби нашите мускулни влакна се помалку густи.

Како и да е, резултатот е поразувачки. Еднаш, во една африканска шума, Хант гледал 38.5 килограми тешка женка шимпанзо како крши гранка од таканаречено ironwood – термин кој Американците го користат за дрвата што се многу цврсти (во превод: железно дрво). Ја скршила гранката со врвовите од прстите. Хант земал иста таква гранка. За да ја скрши, морал да се послужи со двете раце и со целата сила.

За рацете 

mouse and keyboard

Еден од десет луѓе се деснаци. Помистериозно од тоа што постои малцинство со доминантна лева рака, е тоа што луѓето воопшто имаат по една доминантна рака. Зошто само една рака со врвни моторни вештини, наместо дупла доза двостраност? Една од теориите вели дека тоа е резултат на тоа што во хемисферата од мозокот задолжена за говорот (кој исто така подразбира големи моторни вештини) има покомплексни врски. Бидејќи центарот за говор обично се наоѓа во левата хемисфера – хемисферата што ја контролира десната страна од телото – најголемиот дел од луѓето се деснораки. Ама, теоријава брзо добива шамар кога ќе се земе во предвид фактот што не кај сите деснораки луѓе центарот за говор е во левата хемисфера на мозокот, и дека кај половина од леваците е баш таму (а би требало, според теоријата, да е во десната хемисфера).

За кого се женските гради?

maxresdefault[1]

Кај сите други женски примати, градите кај женката се полнат со млеко бидејќи имаат младенче за хранење. Но, жените кај луѓето имаат подуени дојки цело време. Научниците не можат да се сложат зошто е тоа така, и за кого се наменети „перманентно зголемените“ женски гради. Најголемиот дел од еволуционите биолози сметаат дека главната улога на градите е да ги привлекуваат мажите, кои на тој начин се „прелажани“ мислејќи дека жената со „потечени“ гради ќе биде добра хранителка за нивните деца (иако градите содржат масти, а не млеко).

Антрополозите, во меѓувреме, имаат тенденција да сметаат дека градите еволуирале за жените и бебињата, а не за мажите, притоа нагласувајќи дека во многу култури, мажите не ги сметаат големите гради за нешто посебно секси. Флоренс Вилијамс – автор на „Breasts“, смета дека жените развиле перманентно зголемени гради за да ѝ излезат во пресрет на поголемата потреба за енергија на бебињата на луѓето, кои имаат поголем мозок од останатите видови. Според Вилијамс, хормоните во градите промовираат складирање на масти, а потоа овие складирани масти се ослободуваат во млекото за време на доењето. Накратко, „мастите во градите служат во насока на формирање на мозокот на бебињата“, вели Вилијамс. Теоријата засега не е универзално прифатена.

Зошто пубични влакна? 

androgenic-hair-02[1]

Кога се работи за „срамните влакна“, има еден куп теории. Некои велат дека овие груби, виткани израстоци се само сексуални украси – визуелен сигнал за сексуална зрелост и резервоар за миризливи феромони. Други сметаат дека грмушките ги чуваат нашите ценети региони уредни, од аспект на хигиена и инфекции. Трети сметаат дека имаат улога на перниче, спречувајќи го триењето на кожата за време на сексот. Како и да е, добар дел од денешните луѓе не ги сакаат на себе (и на другите).

Здраво комши

bacteria-100506-02[1]

Прашање е колку нашето тело е „наше тело“. На секоја една наша клетка, во нас живеат по 10 микроби, а вкупно, на нив отпаѓаат по 1 до 3 проценти од нашата телесна тежина. Дел од оваа внатрешна фауна е задолжена за чистење на кожата, а дел ни помага да дигестираме храна. Сепак, повеќето од овие микроби придонесуваат за телесните функции на начин што не ни е познат. Здравите луѓе имаат и мала залиха на штетни вируси, кои по сé изгледа имаат и некаква друга улога освен тоа да нé разболуваат.

„Дури сега учиме дека последицата од антибиотиците е тоа што кога ќе се ослободиме од добрите бактерии во нашите црева, ние имаме тенденција да развиеме автоимуни болести (како дијабетес тип 1). Не сме напредни во нашето разбирање на вирусите. Што прават вирусите за нас“, вели Винсент Раканиело – професор по микробиологија и имунологија на универзитетот Колумбија. Очигледно, ние имаме „потпишано договори“ (симбиотски врски) со еден куп организми, а немаме појма што точно добиваме од тие зделки.

Слепо ли е цревото?

appendix[1]

Слепото црево кај луѓето се става во ист кош со умниците, со мускулите што можат да ги мрдаат ушите и со нашите други беспотребни еволуциони остатоци. Неговата непостоечка улога се чини евидентна преку тоа што може да биде отстрането без очигледни негативни последици. Но, од неодамна, биолозите почнаа одново да ја разгледуваат долго востановената претпоставка дека слепото црево е без поента. Некои сугерираат дека можеби помага во тренингот на имуниот систем за време на развивање на фетусот. Други истражувања индицираат дека тоа е орган кој служи како сеф за бактериите кои ја помагаат дигестијата, содржејќи тајно ковчеже од микроби кои го ренаселуваат дигестивниот тракт по интензивните напади на дијареја, при кои се исфрлаат и многу од бактериите.

Зошто јас? 

virtual-brain[1]

Како 100-те трилиони неврални врски во нашите мозоци работат заедно и успешно го создаваат чувството да се биде жив? Многу големи мислители ја сметаат свеста за најголемата мистерија не само на човековото тело, туку најголемата мистерија воопшто. Што ќе рече невронаучникот В.С. Рамачандран, „Секој поединечен мозок, вклучувајќи го и твојот, е направен од атоми кои биле составени во срцата на безброј далечни ѕвезди пред милијарди години. Овие честички лутале со еони и светлосни години, пред гравитацијата и случајноста да ги здружи овде, сега. Овие атоми сега формираат конгломерат – твојот мозок – кој не само што може да мисли и да се прашува за самите ѕвезди кои му го овозможиле раѓањето, туку исто така може и да мисли и да се прашува околу сопствената способност да мисли и да се прашува. Со пристигнувањето на луѓето, се вели, Универзумот одеднаш стана свесен сам за себе. Тоа, навистина, е најголемата мистерија од сé“.

- Реклама -