Седум земји го блокираа Шенгенот

Медиумите во ЕУ пренесуваат и најавуваат дека ќе воведат проверка на пасошите и идентитетот на границите.
Европската комисија соопшти дека Австрија одлучи дека „поради ситуацијата со мигрантите која излезе од контрола“ до февруари ќе го продолжи надзорот над границите.

Migranti-Grcko-makedonska-granica-22

Со тоа вкупно седум земји во Европската унија завземаа привремен граничен надзор во внатрешноста на шенген просторот, изјави претставничката за печатот во Европската комисија, Наташа Берто.

Медиумите во Европа пренесуваат и дека владата во Љубљана ќе воведе проверка на пасошите на словенечката граница.

Берто наведе дека на основа на шенгенската одредба за „принудни случаи“, Шведска, Данска и Норвешка завземале надзор на границите на Шенген.

Таа додаде дека поради проценка на заканувачка ситуација, што е согласно со шенгенските правила, такви мерки превземале Австрија, Франција, Германија и Малта.

„Австрија ја информираше Европската комисија уште во септември дека воведува привремен надзор на внатрешните шенгенски границим согласно со статутот и одредба во шнегенот, објасни Наташа Берто.

Владата во Виена сега на Комисијата во Брисел и даде до знаење дека „ја продолжува привремената гранична контрола до февруари поради тоа што ситуацијата со мигрантите излегла од контрола“.

Прочитајте и:  Блумберг: Европа ќе мора да ги удвои трошоците за одбрана поради војната во Украина

Migranti-izbeglice-6

Медиумите во ЕУ пренесуваат и изјава од претставник на австриското министерство за надворешнни работи дека „следната етапа би можела да биде воведување на контрола на словенските граници“.

Италијанските медиуми јавуваат дека тоа ги загрижило властите во Рим бидејќи би можело да се случи бегалците и мигрантите да се соберат на италијанските граници, ако веќе немаат премин низ Австрија и Словенија.

Римските власти се вознемирени и поради тоа што германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот клучен стратешки партнер, баварскиот премиер Хорст Зехофер се договориле многу брзо да го исфрлат барањето за азил на мигрантите кои доаѓаат од северна Африка.

Станува збор за Мароко, Алжир и Тунис од каде мигрантите доаѓаат во внатрешноста на ЕУ преку Италија. Според нивниот план тие би биле вратени назад по брза постапка, со оглед на тоа што доаѓаат од небезбедни земји во поглед на владеењето на правата и демократијата.

Tan2015-10-29_193947156_0-620x350

 

- Реклама -