Сте одлучиле да ризикувате и да се јавите на стара познајничка на Фејсбук која отсекогаш потајно ви се допаѓала.
Само времето ќе покаже дали тоа е добра идеја, но фактот е дека сте пратиле порака: „Еј, жива си :)“, и сега си ги гризете ноктите исчекувајќи одговор. Не можеме да ви помогнеме во чекањето, но можеме да ви ги кажеме најчестите грешки кои мажите ги прават во онлајн комуникацијата, па вие треба само да ги избегнете истите…
1. Не заборавајте да го проверите нејзиниот статус на врска, доколку е наведено.
Ако девојка на целиот свет открива дека е во врска, тогаш тоа веројатно е направено со причина. Нема ништо полошо од маж кој се обидува со зборови да заведе девојка на социјалните мрежи, а потоа да се изненади кога таа ќе му каже дека веќе има дечко. Иако цело време тоа било напишано под нејзиното име!
2. Немојте премногу да флертувате.
Жените преферираат мажи кои со нив се обидуваат да постигнат нормален, искрен разговор отколку да притискаат со комплименти. Тоа е многу поинтересно и помалку чудно. Впрочем, флертот природно доаѓа со добра комуникација. Нема ништо лошо, од време на време да вметнете коментар со кој ќе покажете ова е нешто повеќе од чисто платонски односи, но мора ни за тоа да дискутирате цело време.
3. Не се срамете од состанок во живо.
Не „ловете“ исклучиво на социјалните мрежи. Ако сте пријател на нејзин пријател, најдете начин како да се запонаете во живо (на пример, на некој поголем собир). Иако можете без проблем да започнете разговор на социјалните мрежи, ако сакате нешто повеќе не се воздржувајте од запознавање во живо во блиска иднина.
4. Не користете прекари. Додека не се запознаете, премногу е рано за тоа.
Се случува мажите да се опуштат и веќе во третата порака девојката да ја наречат „мала“, „маче“, „лепотице“ и слично. Вака само ќе изгубите поени.
5. Немојте ни случајно да ги „лајкувате“ сите нејзини слики, статуси и објави.
Не е лошо да оставите по некој коментар со пофалба на профил-сликата или на некој статус, но никој не сака некој како послушно кутре да го обожава баш секој нејзин збор или дело. Подобро малку играјте си и примамете ја со коментарите и намигнувачки „смајлиња“.
6. Не користете ист пристап кон сите девојки.
Се обидувате да најдете универзална стратегија во комуникацијата со жените, со која сите ќе ги „вртите“? Тоа би било супер, но тоа не постои.
7. Не се грижете за тоа дека телефонирањето е премногу традиционално.
Ако таа ви се допаѓа, јавете ѝ се. Не се кријте позади екранот, тоа е малку застрашувачко.