На тестот по биологија во едно средно училиште стоело прашање: Наведете 7 предности на мајчиното млеко. Еден од учениците напишал:
1. Тоа е најдобрата храна за детето.
2. Има идеална температура.
3. Го одржува имунитетот против болести.
4. Не е скапо.
5. Ги зближува мајката и детето.
6. Секогаш го има.
И тука ученикот се блокирал. Никако не можел да се сети на уште една корисна карактеристика. Така замислен го поминал остатоток од времето за решавање на тестот, за во последниот момент, целиот испаничен, да додаде:
7. Се наоѓа во 2 возбудливи пакувања… вон домет на мачките.