Се запалил автобус на ЈСП во Кисела Вода

Автобус на ЈСП што сообраќа на линијата 24, денеска претпладне се запалил на автобуска постојка во Кисела Вода. Во инцидентот нема повредени.

Според достапните информации, се работи за автобус од марката „МАН“, постаро производство, а дефектот се случил поради неисправна инсталација. Возачот на автобусот самиот го гаснел пожарот, но повикал и екипи од противпожарната служба.

На оваа линија често сообраќаат стари автобуси, а од ЈСП изјавиле дека тоа се случува поради недостиг на нови возила во возниот парк.

Е.Д.

- Реклама -