Се заљубиле на протестите во Киев

Украина се наоѓа во тотален неред, поради протестите што ескалираа причинувајќи големи штети.

Сепак, се појави вест која сведочи за тоа дека љубовта не познава политика, време или место, едноставно се случува, вметнувајќи малку боја во сивилото.

Лидија Панкив е млада новинарка која се нашла среде хаосот во Киев заедно со својата пријателка, како дел од многумината кои протестираа против Јанукович.

Еден ден, додека стоела на плоштадот Мајдан со остатокот жени во живиот ѕид меѓу полицајците и демонстрантите, и се обратила една пријателка на која и требала помош, за да го пронајде пријателот кој полицијата го уапсила.

Лидија раскажува дека гласно и го кажала нејзиниот број на телефон, велејќи и да ја побара.

Но по кратко време добила СМС порака со содржина која воопшто не ја очекувала.

-Покрај целиот хаос, успеав да го запаметам твојот број кога и го даде на пријателката, а не знам ниту како се викаш. Стоев во ноќта со штитот пред себе. Кога стоеше пред нас, знаев дека сакав да се оженам со тебе,  напишал Андреј во пораката.

Лидија била изненадена од пораката и нешто во неа ја натерало да се состане со него. Таа вели дека не очекувала љубов, но тоа е токму она што се случило.

Веќе на вториот состанок знаела дека тој е вистинскиот за неа.

- Реклама -