Без многу врева или некаков раскошен настан, Sony го објави својот нов предводник Sony Xperia Z4, но само за Јапонија.
За жал, остатокот од светот во оваа фаза нема да може да се израдува и да го купи новиот предводник, барем додека од компанијата не го променат тоа. Чудната стратегија можеби и не многу добра, имајќи ја предвид сериозната конкуренција.
Уште почудно е тоа што новиот Sony Xperia Z4 е речиси ист како Sony Xperia Z3 , Sony Xperia Z2 и Sony Xperia Z1 . Јапонците и оваа година не направија сериозни промени во дизајнот, верувајќи на она што го гледаме во последните три генерации. Единсвената поопиплива разлика е во дебелината, која е веќе 6.9 mm. Звучниците се поставени на ист начин и кај Sony Xperia Z2.
Освен овие разлики, речиси сè друго е исто. Имаме 5.2-инчен IPS LCD екран со Full HD резолуција, IP68 сертификат, 20,7 MP главна камера со 1 / 2,3 “големина на сензорот и BIONZ процесор. Добрата работа е тоа што Јапонците го користеле најмоќниот процесор во моментов, имено Snapdragon 810 со 64-битна архитектура. Тој нуди процесор со четири Cortex-A53 и четири Cortex-A57 јадра, како и Adreno 430 графика. Внатрешната меморија е 32 или 64 GB, со тоа што веќе нема да има верзија со 16GB. Имаме 3GB RAM меморија и батерија со намален капацитет, која веќе е Li-Ion 2930 mAh.
Од она што може да го видиме на сликата, Sony Xperia Z4 ќе дојде со лесни дизајнерски промени во иконите, што е условено и од фактот дека верзијата на оперативниот систем е Android 5.0 Lollipop.
Ова е новиот Sony Xperia Z4 со кој Јапонците ќе се соочат против Galaxy S6, LG G4, One M9, а донекаде и iPhone 6S кој не треба да го заборавиме оваа година. Не е јасно дали повторно ќе имаме два предводници од Јапонците во 2015 година, но досега Sony Xperia Z4 не блеска со нешто неверојатно и ексклузивно.