Секасуално активните жени кои страдаат од вагинална сувост, во потрага по начин да го задржат сексуалниот живот на ниво, прибегнуваат кон разни форми на навлажнување. Лубрикантите ја обезбедуваат потребната влага, но нивното дејство често е само привремено решение, особено ако проблемот е од здравствена природа, а не од недостаток на возбуда.
Прочитај повеќе: Интимни разговори: За влажноста, таму…доле
Ако се обидувате да зачнете, но ви треба лубрикант, треба да се консултирате со вашиот лекар пред да одберете соодветен навлажнувачки производ. Има и специјално развиени медицински лубриканти кои не и штетат на спермата. Истражувањата покажуваат дека обичните вагинални лубриканти се токсични за сперматозоидите и му пречат на цервикалниот мукус да ја исполни својата улога. Вештачките лубриканти не им дозволуваат на сперматозоидите да стигнат до цервикалниот мукус брзо, па тие умираат во киселата средина на вагината, пред да влезат во матката. Р
Различните видови лубриканти се користат воглавно за зголемување на задоволството или за намалување на болката за време на сексот. Тие имаат примена во различни области – при стандарден вагинален секс, при анален секс, при употреба на секс играчки.
Лубриканите се поделени на неколку основни видови:
Лубриканти на база на вода
Тие се најшироко распространени и можеме да ги наречеме и универзални. Предноста пред останатите лубриканти им е дека не се лепат, се чистат лесно и помагаат за една полесна пенетрација, исполнета со задоволство. Погодни се и при користење на секс играчки. Недостаток кај нив е тоа што за време на сексуален однос впиваат во кожата.
Лубриканти на база на масло
Нивни основни компоненти се нафтени деривати и минерални масла – бебешко масло и вазелин. Погодни се за масажа, но не и за секс со кондоми, бидејќи го осиромашуваат латексот и ги намалуваат заштитните својства. Не се препорачуваат при користење на секс играчки, поради создавање на поволна средина за развој на бактерии и вируси. Создаваат непријатност и ја дразнат вагиналната слузница, што ги прави неповолни при вагинален пенетрација. Мажите сепак, можат спокојно да ги корист во осамените ноќи … Тешко се мијат и оставаат дамки на ткивата.
Силиконски лубриканти
Во споредба со лубрикантот на водена основам силиконските лубриканти се мрсни и подолготрајни. Тие се најпогодни при анален секс. Друга нивна предност е тоа што можат да се користат и во вода, но не можат да се измијат лесно. Бидејќи не го оштетуваат латексот се целосно компатибилни со кондоми и гумени секс играчки. Исклучително се економични – мало количество лубрикант го обезбедува неопходното подмачкување. Силиконот одговара многу добро од кожата, хипоалергично е и е многу погодно за телесна масажа.
Ароматизиран лубрикант
Како што се гледа и од неговото име, овој тип лубриканти содржат ароматични, а некои од нив и вкусни состојки. Разновидноста им е голема: јагода, ананас, цреша и др. Тие се најпогодни при орален секс. Природниот мирис на жената сепак е моќен сексуален стимулатор, затоа ароматизираните лубриканти е добро да се користат само за диверзификација на сексуалната атмосфера.
Стимулативни средства
Стимулативните лубриканти ја зголемуваат сексуалната возбуда преку затоплување и стимулирање на протокот на крв во гениталиите (камфор, ментол, екстракт од црн пипер). Не се погодни за жени со чувствителна вагинална слузница, бидејќи можат да предизвикаат чешање и печење. Најчесто оваа реакција се создава при присуство на екстрактот од црн пипер. Во случај да не се користи кондом при секс, потребно е да се извести сексуалниот партнер.