Сопствениците на кучиња ги сакаат своите миленици, но тие понекогаш знаат да направат нешта од кои нив им се крева косата на главата. Еве ги одговорите на прашањата кои отсекогаш сте сакале да знаете, но сте се плашеле да прашате, како на пр. зошто кучињата јадат измет или ги душкаат задниците на другите кучиња. И следниот пат кога ќе се почувствувате засрамени заради однесувањето на вашето куче, не го обвинувајте вашиот миленик, туку еволуцијата.
Сопствениците на кучиња ги сакаат своите миленици, но тие понекогаш знаат да направат нешта од кои нив им се крева косата на главата. Еве ги одговорите на прашањата кои отсекогаш сте сакале да знаете, но сте се плашеле да прашате, како на пр. зошто кучињата јадат измет или ги душкаат задниците на другите кучиња. И следниот пат кога ќе се почувствувате засрамени заради однесувањето на вашето куче, не го обвинувајте вашиот миленик, туку еволуцијата.
Зошто понекогаш кучињата јадат измет?
Назад во оние денови кога кучињата биле диви и слободни, предаторите можеле да ги најдат, особено оние беспомошни, мали вкусни кученца, по изметот кој го оставале зад нив. Затоа, нивните мајки за да го отстранат доказот и за да ги држат подалеку предаторите, го јаделе изметот на нивните малечки. Како и да е, таа традиција останала и кај оние кучиња кое се вдомени со генерации, а објаснувањата велат дека кучињата можат да го прават тоа од досада (замислете си да ви е толку здодевно што јадењето на споствениот измет ќе ви биде занимација) или од хигиенски причини. Ова последново особено важи за оние кучиња кои времето го поминуваат врзани на едно место, бидејќи да живееш опкружен со сопствениот измет не е баш хигиенски, нели? Тоа се само кучиња, но, како и вие, и тие не би сакале да го поминат животот покрај сопствениот измет. Затоа одржувајте им хигиена и шетајте ги почесто!
Зошто кучињата ги душкаат задниците на своите кучешки пријатели?
Како што секој човек има уникатно лице, така и секое куче има уникатна миризба. Со душкање на анусот на некое друго куче, вашиот миленик дознава од кој пол е неговиот нов пријател, колку е здрав, со каква храна се храни, дури и како е расположен. Ако мислите дека тоа е претерано, земете го во предвид фактот дека осетот за мирис кај кучињата е 100.000 пати посилен отколку кај луѓето. За нив, душкањето на анусот на некое куче е како да ја читаат целата негова кучешка автобиографија.
Зошто кучињата се вртат и вртат во круг пред да легнат?
Да, повторно е еволуцијата виновна за тоа што понекогаш вашето куче изгледа помалку ретардирано. Порано, кога кучињата биде диви и го немале комфорот на креветчето или удобното килимче во вашиот дом, ова вртење во круг пред да легнат му помагало да ја си направат удобно седало во високата трева. Ова вртење им служело за да ја израмнат високата трева, но и за да се осигураат дека во близина нема некое непријатно суштество – како змиите. Освен тоа, вртењето е одличен трик за регулирање на температурата на местото за седење.
Зошто моето куче ме лиже?
Зошто вашето куче ве лиже? Дали е тоа знак на љубов или му се допаѓа вкусот на вашата кожа? Првото нешто што го открива кучето кога ќе дојде на свет е лижењето на мајката. На тој начин, мајката го чисти своето кученце, а како што кученцата растат лижењето станува повеќе гест за покорност. Помалку доминанатните членови на глутницата ги лижат доминантните алфа мажјаци, па така ова фрла ново светло врз чинот на лижење: тоа не едноставно знак дека му се допаѓате, туку доказ дека вие сте посилниот и дека се покорува на вашата волја.
Зошто кучињата мрдаат со опашката?
Мрдањето на опашката може да значи повеќе работи. Додека повеќето мислат дека тоа е израз на среќа, позицијата на опашката значи повеќе одошто нејзиното мрдање. Кога опашот се држи ниско и е завиткан (во „U“ форма) и бавно се мрда, тогаш се е во ред. Доколку опашот е исправен високо и свиен над грбот, кучето е екстремно заинтересирано, а можеби и изнервирано од нешто. Па така кучињата можат да изразат многу емоции преку својот опаш, а мрдањето не е примарно форма на комуникација. Затворете го вашето куче дома само (што строго не го препорачуваме) и тоа нема толку често да мрда со опашот, не на начин на кој на пр. ве поздравува на врата или среќава други кучиња. Кучињата се социјални животни, нивната природна состојба е да живеат во глутница, па така комуникацијата е особено важно нешто за нив, а нивниот опаш е како мало крзнесто знаменце кое го вејат наоколу за да им испраќаат сигнали на другите. Истото важи и кога ја ставаат опашката меѓу нозете. Се смета дека тоа е знак за покорност (во спротивност со претходноопишаниот случај кога кучето ја исправа опашката) и начин на кој кучето ја намалува својата големина. Сокривањето на опашката и спуштањето на ушите е знак за слабост и предавање.