Се урна хеликоптерот на претседателот на Иран

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиси се урнал додека денеска минувал планински терен во густа магла.

Во хеликоптерот со Раиси биле министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан, гувернерот на провинцијата Источен Азербејџан Малек Рахмати, водачот на петочната молитва во Табриз, Хоџатолеслам Ал Хашем и други, а засега нема информации за потенцијални повредени патници или материјална штета. Иранската новинска агенција ИРНА.
Министерката за внатрешни работи најави дека спасувачите се уште се обидуваат да стигнат до хеликоптерот, но дека лошите временски услови го отежнуваат.
Се уште не е позната состојбата на патниците во хеликоптерот, а информациите велат дека не е остварен контакт со нив.
Според локалните медиуми, претседателот Раиси отпатувал во градот Табриз во северозападниот дел на Иран, по враќањето од границата со Азербејџан, каде што ги отворил браните Киз Каласи и Кодафарин. Во конвојот имало три хеликоптери, од кои два превезувале министри и службеници кои безбедно пристигнале на својата дестинација, пишува Гардијан.

Густата магла ја отежнува потрагата по местото каде што се претпоставува дека е хеликоптерот, јави известувачот на агенцијата Фарс.
Тој рече дека видливоста во планинските и пошумените предели е намалена на само пет метри.
Областа е оддалечена околу 50 километри од Табриз.
Сподели ја веста:

Извор