„Се циганчи за еден грош“… Ромите револтирани од навредите во дигиталниот речник на македонскиот јазик

Дигиталниот Толковен речник на македонскиот јазик, кој од денеска е достапен на платформата „makedonski.gov.mk“ која Владата ја промовираше по повод Денот на македонскиот јазик, содржи 100.000 зборови, но меѓу и „ЦИГАНЧЕ“, „ПОЦИГАНИ“, „ЦИГАНЧИ СЕ“, „ЦИГАНШТИЈА“ И „ЦИГАНШТИЛАК“! – реагира претседателот на Народната партија на Ромите – Геге Демировски.

Според него, со новиот дигитален речник Ромите добија и дигитализација на навредите и антициганизмот.

Демировски, на Владата и премиерот Зоран Заев, им дава рок од 24 часа да бидат отстранети навредите од речникот. Во спротивно, предупредува, ќе ги крене на нозе Ромите од цела Република Македонија, но и цела Европа.

Демировски побара и оставка од сите ромски политичари.

Прочитајте и:  Учебници за секое ромско семејство, катедра на УКИМ, задолжително изучување во основно и средно - Салиу бара институционално системско решение за ромскиот јазик

- Реклама -