Се сруши дел од мостот на љубовта

Мостот на уметноста, или како што некои го викаат, мостот на љубовта, претрпел поправки во неделата, откако се срушил дел од оградата, поради тежината на илјадниците „љубовни катанци“ кои што ги оставаат заљубените.

Илјадници заљубени од целиот свет го посетуваат секоја година овој мост во Париз, за да jа „запечатат“ својата љубов ставајќи катанци со своето име, а клучот го фрлаат во Сена.

Од тежината на катанците, меѓутоа, дел од оградата на мостот во должина од околу 2,5 метри се срушила, па полицијата итно ги евакуирала посетителите и го затворила мостот. На лице место пристигнале локалните надлежни и еден архитект, а оградата била поправена.

Мостот на уметноста се наоѓа пред музејот Лувр, а во светот е познат по љубовните катанци. Службениците од градот се жалат дека овој симпатичен обичај претставува опасност за безбедноста и го нарушува изгледот на мостот. Катанците се појавија во 2008 година и предизвикаа еуфорија во Германија, Русија, Кина и особено во Италија.

Денес целата должина на мостот e  прекриенa со катанци, а обичајот се проширил и на други мостови во Париз.

 

- Реклама -