Речиси и без исклучок – секој човек го знае својот хороскопски знак. Или не?
Некои читаат хороскоп за забава, некои го користат како советник при донесувањето одлуки, други пак ги проценуваат и анализираат туѓите карактери преку нивниот зодијачки знак. Имаме лоши вести – ако спаѓате во било која од овие категории, многу сте се излажале.
Астролошки гледано, никој од нас не е роден во знакот за кој сметаме дека е наш. Вистината е дека астролошкиот календар не ги отсликува промените во нашата положба во однос на ѕвездите. Прецесијата (позната и како „клатење“ на Земјата), која е предизвикана од Месечината и Сонцето, значи дека ѕвездите над нас мигрирале за речиси еден месец во претходните 2000 години, кога е и креиран зодијакот. Прецесијата е процес што трае околу 26.000 години, што значи дека 86% од луѓето денес живеат во погрешниот знак.
Ова значи дека ако сте мислеле дека сте Стрелец (независен, авантурист, полн со енергија), на пример, всушност сте Шкорпија (лојален, динамичен, буден набљудувач).
Од друга страна, постои и 13-ти знак! Наречен е Ophiuchus или „Носачот на змија“. Античките астрономи најверојатно го запоставиле знакот за да можат патот на Сонцето од 360 степени да го поделат во 12 уредни дела од по 30 степени.
Па така, ако сте родени меѓу 30 ноември и 18 декември, вие спаѓате под целосно нов знак и веројатно џабе читате хороскоп.
Па, време е да ја откриеме вистината:
• Ако сте родени од 21 јануари – 16 февруари, вие сте Јарец
• Ако сте родени од 17 февруари – 12 март, вие сте Водолија
• Ако сте родени од 13 март – 18 април , вие сте Риби
• Ако сте родени од 19 април – 14 мај, вие сте Овен
• Ако сте родени од 15 мај – 21 јуни, вие сте Бик
• Ако сте родени од 22 јуни – 20 јули, вие сте Близнаци
• Ако сте родени од 21 јули – 10 август, вие сте Рак
• Ако сте родени од 11 август – 16 септември, вие сте Лав
• Ако сте родени од 17 септември – 31 октомври, вие сте Девица
• Ако сте родени од 1 ноември – 23 ноември, вие сте Вага
• Ако сте родени од 24 ноември – 29 ноември, вие сте Шкорпија
• Ако сте родени од 30 ноември – 18 декември, вие сте „Носачот на змија“
• Ако сте родени од 19 декември – 20 јануари, вие сте Стрелец