Сè што треба да знаете за обликување на косата според обликот на лицето

Веќе ни е добро познато обликувањето на лицето со помош на разни нијанси на пудра и шминка, но сега претставуваме поинакво обликување на лицето – со нашата коса.

Да, можеме буквално да го „извајаме“ нашето лице благодарение на прецизно поставените посветли прамени и вид на фризура.

Користејќи светли и темни тонови за да се создаде сенка и длабочина на лицето, така и нанесувањето на боја во специфични области на косата, може комплетно да го смени обликот на лицето или одредени области.

За да го обликувате вашиот изглед на вашето следно одење на фризер, ова е еден преглед на тоа што да побарате според обликот на вашето лице.

Тркалезно лице

Screenshot_10

 

Тркалезното лице, генерално, има силна коскена структура, па одговараат светли тонови нанесени низ косата, од уво до уво, додека потемните тонови се фарбани под ушите и долните краеви на косата. Првиот начин го осветлува и издолжува лицето, додека вториот му дава повеќе облик на лицето од една точка.

Овално лице

Screenshot_11

 

Овалното лице сметајте го за облик кој одговара на се, бидејќи не само што одговара на повеќето фризури и бои, тоа во основа е совршена форма за обликување на лицето. За да се истакне уште повеќе, секогаш гледајте да додадете длабочина со бојата, густа текстура, и сјај.

Триаголно лице

Screenshot_12

Подлабоките тонови се применуваат на коренот по дел и мирко-осветлени делови се нанесени на косата од над ушите до крајот на косата, создавајќи аглест и истенкувачки ефект на лицето.

Коцкасто лице

Screenshot_14

Коцкастите лица имаат пошироки карактеристики на лицето, со повеќе тонски слоеви од светли и темни бои се нанесуваат на аглите на лицето и околу вилицата и слепочниците, кое пак ги омекнува и смирува линиите и додава повеќе длабочина.

Срцевидно лице

Screenshot_15

Обликот на лице во вид на срце е како вид на превртен триаголник, со лицето изострено кон брадата. За да се создате повеќе овален облик, посветли прамени се нанесени околу вилицата и ушите за да го ублажи долниот дел од лицето.

- Реклама -