Се шири лажно видео од наводно претепување на напаѓачот од Нов Зеланд во затвор

Пред три дена на YouTube е објавено старо видео од претепување на затвореник, со тоа што овојпат е означено како „Напаѓачот од Нов Зеланд добива топол пречек во затвор“ (NEW ZEALAND SHOOTER GETS A WARM RECEPTION WHILE IN JAIL). Во регионот и некои од нашите портали веќе почнува да се шири информацијата, но е тотално лажна.

Оригионалното видео е објавено во 2015-та, а во описот стои сосема поинаква ситуација: се работи за затвор во Отава, Канада. Затвореникот бил осуден за тероризам, а претепан е затоа што наводно се обидувал дел од затворениците да ги конвертира во ислам.

https://youtu.be/LhmfnQ9u2XQ

- Реклама -