Бидејќи е широко прифатено мислењето дека жените не гледаат порно филмови, интернет порталите Buzzfeed и Pornhub ги здружија силите со цел да утврдат кои секси сцени би можеле да ги возбудат жените.
Резултатите се изненадувачки.
И покрај стереотипите дека мажите сакаат лезбејски порно видеа, всушност жените се тие кои ги бараат масовно. Поточно, постојат 32 проценти поголеми шанси дека жена ќе побара порно со лезбејки отклку со мажи. Иако податоците не прават разлика на хомосексуалните, бисексуалните и хетеросексуалните жени, процентот е толку голем што е јасно дека порно филмовите со лезбејки ги бараат и хетеросексуалните жени.
Значи, лезбејската порнографија не значи дека жените кои ја гледаат ги привлекува истиот пол. „Работата е многу покомплицирана“, вели сексуалниот терапефт Меган Флеминг. „Порнографијата е сигурен начин да го остварите она што ве возбудува, но тоа не значи дека тоа го сакате да го направиет и во реалниот живот“, објаснува експертот.
Фантазијата е голем дел од она што е привлечно во порнографијата. Освен тоа, лезбејската порнографија содржи сензуална „игра“, секс помагала, играчки и долготрајна предигра, и е помалку веројатноста на покажување на понижувачки ситуации со женска гледна точка отколку во хетеро проно филм. „Во лезбејската порнографија фокусот е на оралниот секс и клиторисот“, вели Флеминг. А бидејќи ова се најчестите места кои ги „палат“ жените, не е чудно што ги интересира лезбејзското порно.