Се сеќавате ли на „Патот за Авонли“?

Се сеќавам како се будев секое утро и веднаш застанував пред телевизорот за да гледам „Патот за Авонли“.

Бевме на распуст, па  во 8.30 часот се дружевме со  Сара и Џо Питс, Гас Пајк, Фелисити, Сесили, Хети Кинг.

Кога се сеќаваме во нашите глави се оние детски слики, како никогаш да не растат, како вечно да стојат замрзнати во времето потсетувајќи не дека и ние некогаш бевме колку нив.

Сепак, поглднете како тие изгледаат денес:

Sara Polley 150x1500727 Polley1 150x150

Sarah Polley ја глумеше имењачката Сара Стенли, десет годишна бунтовна девојка која ќе мора да го замени животот во луксузниот Монтреал за малото рурално село Авонли. Денес Сара е филмска и театарска актерка, продуцентка и сценаристка.

Felix King 150x150Zachary 150x150

Zachary Bennet го помниме како Феликс Кинг, најстариот син на Алек и Џенет Кинг кој постојано влегува во неволји. Денес, Захари е еден од најбараните млади актери во Канада. Фановите на ТВ серијата Lost Girlможат да го гледаат во истата.

Davey Keith 150x150Kyle Labine 440x270 3a 150x150

Kyle Labine ја толкуваше улогата на малиот палавко Дејви Кит, сираче кој со својата сестра ќе се доселат под старателството на Марила Катберт откако ќе останат сираци. Кајл може да го гледате во серијата Murdoch Mysteries.

Hetty 150x150Jackie Burrougs

Aктерката која ја глумеше нескротливата Хети Кинг, Jackie Burroughs, почина на 22 септември 2010 година. Џеки беше една од најценетите драмски глумици во Канада, а зад себе има одиграно над стотина телевизиски, драмски и филмски улоги.

Felicity King 150x150Hs9nqq

Најстарата ќерка на Алек и Џенет Кинг, која често делува позрело за своите години и се чуствува интелектуално позрела од својата роднина Сара. Gema Zamprogna ја толкуваше Фелисити Кинг. По Авонли, Џема продолжи да глуми во ТВ серии и филмови и дипломираше филм и драма на престижниот Queen’s University.

Olivia King 150x15018873 150x150

Meg Rufman ја толкуваше улогата на Оливија Кинг, најмладата сестра од фамилијата, која често се поставуваше како најдобра пријателка на својата внука Сара. Руфман моментално го води реалното шоуAnything I can do.

Jasper Dale 150x150Rhthompson 150x150

R.H. Thomson е еден од водечките актери во Канада изминативе триесет години. Во „Патот за Авонли“, го толкуваше срамежливиот Џаспер Дејл, кој ќе го украде срцето на тетка Оливија. Томсон е исто така и еден од најнаградуваните актери и девет пати бил номиниран за престижните Gemini Awards (канадски пандан на Emmy) со две победи.

/Тв. Пакет

- Реклама -