Ако барате нешто што е навистина уникатно, тогаш овој град е создаден за вас.
„Дивиот запад“ е во моментов на продажба и тоа, по цена од 950 000 долари.
Овој напуштен град што долги години и служи успешно на филмската индустрија, се наоѓа во Калифорнија.
Градот е сместен на 4.000 квадратни метри, а тука ве очекува сè што ви е потребно за да ја оживеете својата фантазијата и го пронајдете сопствниот „Вестерн“ филм.
Железничка станица, градски затвор, главна продавница, па дури и пивница. Овој град никогаш не бил отворен за јавна употреба. Агентот кој го продава – Ерл Браун, е категоричен дека местото е приватно и 95% од луѓето во градот не знаат дека воопшто постои.
И така, за скромни 950 000 долари овој имот може да биде ваш. Цената е многу пониска од бараната сума од 1.2 милиони долари во текот на месец јуни 2014 година.
Според нашето мислење оваа зделка е повеќе од добра, со оглед на тоа што во Менхетен се среќаваат мали апартмани по истата цена. Имотот оди и со куќа во која можете да живеете.