Четириесет и седум лица се полесно повредени, откако автобус на ЈСП со бројот 67, се преврте на влезот на Драчево.
Повредените биле итно пренесени во Ургентниот центар, ГОБ „8 Септември“ и во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“.
„Возачот наш не знае што точно се случило. Тој не е повреден, но е видно потресен и вознемирен. Така што, за секоја дополнителна информација ќе ве информираме. Причината за несреќата се уште ја испитуваме. Можни се неколку причини – грешка на возачот од брзо возење, техничка неисправност на возилото, а кожно е нешто да излетало пред автобусот или автобусот да удрил во нешто. Точната причина треба да ја потврди Министерството за внатрешни работи со увидот на терен“, изјави директорот на ЈСП Скопје Мишо Николов, кој утрово го посети местото на несреќата.
Полицијата и понатаму врши увид.
Автобус број 67 што сообраќа на линијата: Транспортен Центар – Зелениково, се преврте изутрината во 6:10 часот на ул. „Драчевска“. СВРСкопје ги утврдува причините за несреќата.
Фото: Прес 24