Маж од јужна Колумбија го изгубил пенисот откако се предозирал со Вијагра.
66-годишниот маж од Гиганте, инаку поранешен член на општинскиот совет, чие име се чува во тајност, за локалниот весник изјавил дека намерно се предозирал со лекот за еректилна дисфункција, за да ја импресионира својата нова девојка.
Како и да е, лекот предизвикал константна состојба на ерекција што траела неколку дена, се вели во болничкиот извештај. Најпосле, човекот побарал медицинска помош.
Докторите забележале дека пенисот му е воспален и скршен, а утврдиле и знаци на гангрена. Ампутацијата била неизбежна, со цел да се спречи ширењето и на другите органи.
„Пациентот имаше модринки на тестисите и на пенисот, беше третиран и во моментов добро закрепнува“, вели докторот за локалниот весник.