Се поврзале со остатокот од светот: Пет години копале тунел со помош на рачен алат (ВИДЕО)

Кинеското село Гоулианг имало голем проблем. Селото се наоѓа високо во планината Таиханг, и единствен пат до него биле стрмните скали.

Околу 350 жители на ова изолирано место со години ги молеле надлежните да изградат пат кој би ги поврзал со остатокот од светот.Бидејќи никој не ги послушал нивните желби, одлучиле работата да ја преземат во свои раце.

Прво продале дел од својата стока и други работи за да соберат пари и се што им е потребно за работа. Потоа избрале 13 највешти и најсилни мажи кои, иако не биле инженери, завршиле неверојатна задача.

Во карпата ископале тунел, а имале само рачни алати како чекани, трпение и упорност. Во најтешките фази од работата, напредувале само еден метар на секои три дена.

Во 1977-ма година, 5 години по почетокот на копањето, мештаните ископале 1,2 километри тунел, 5 метри висок и 4 метри широк. За сообраќај бил отворен на 1-ви мај 1977-ма година.

Секако, тоа било многу опасна работа. Еден работник зaгинaл при копањето, а самиот пат бил доволно широк само за сообраќај кој би се одвивал многу полека и внимателно. На патот има и кривини на непредвидливи места.

Иако првобитната намера била на селаните да им се обезбеди премин и да им се олесни животот, селото со овој тунел станало и вистинска мала туристичка атракција.Денес тука има одморалишта и хотели за патници и планинари, но пристапот не е секогаш поволен.

 

- Реклама -