Се појавија уште информации за HTC One Max

Се поблиску сме до официјалната премиера на фаблетот на HTC, кој најверојатно ќе се вика Max, но малку пред датумот на кој официјално ќе го видиме, на Интернет се појави нова информација за неговите спецификации.

 

Податоците беа објавени од кинески мобилни оператори кои веќе го вклучиле во своите каталози за телефони кои работат со нивните мрежи. Двете модификации на HTC Max 8060 за China Unicom и 809D за China Telecom (CDMA) се појавија во официјалните документи и веднаш беа пресретнати од корисници заинтересирани од брендот.

Моделот најверојатно ќе има сензор за отпечатоци, кој сепак за разлика од iPhone 5S ќе се наоѓа на задниот дел на телефонот. Тоа го потврдија и снимките на моделот, кои пак се појавија благодарение на други неофицијални извори. HTC One Max ќе се разликува од другите со 5,9-инчниот екран кој работи во резолуција 1980х1080 пиксели, процесор Snapdragon 800 или Snapdragon S4 Pro APQ8064, што веројатно ќе има и слаба модификација со Snapdragon 600 на 1,7 GHz .

Фаблетoт ќе располага со 2 GB RAM меморија, 16 GB внатрешна меморија, GPS, батерија со капацитет 3300 мАч, а оперативен систем ќе биде Android Jelly Bean.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -