Sony го претстави Z3 пред два месеци, но гласините и шпекулациите околу Z4 веќе кружат низ медиумскиот простор со полна сила. Според најновите информации следниот предводник на компанијата, како и поголем Z4 Ultra, ќе бидат објавени на CES, кој ќе се одржи во Лас Вегас на 5 јануари.
Според гласините Z4 најверојатно ќе биде со 5.4-инчен Quad HD Triluminos екран, Snapdragon 805 процесор, 4GB RAM меморија, оперативен систем Android 5.0 Lollipop и 3420 mAh батерија. Се очекува Z4 да биде со 20,7 мегапикселна задна камера. Предната камера ќе биде подобрена и ќе биде 4,8 мегапиксели со широкоаголен објектив, а во дизајнот исто така ќе има промени – горната и долната рамка ќе се потенки, а аглите на панелот заоблени.
Z4 Ultra можеби ќе беше со 5.9-инчен Triluminos екран, истиот Snapdragon 805 процесор, 4GB RAM и 16-мегапикселна камера со двоен LED блиц. Според гласините уредот ќе биде со дебелина од 5,7 мм.
Компанијата изјави дека разработува 16-мегапикселна верзија, па затоа е многу веројатно истата да ја видиме во Z4 Ultra.