Поп дивата Мадона се пофали на социјалната мрежа Инстаграм со фотографија од својата ќерка Лурд како се подготвува за матурската забава.
„Подготовка за матура“, напишала пејачката во коментарот под сликата на која седумнаесетгодишната Лурд е со своите пријателки.
Ќерката на Мадона заврши средно музичко училиште во Њујорк, а се уште не е официјално потврдено на кој колеџ ќе аплицира, иако минатата недела со мајка ѝ го посетиле универзитетот во Мичиген.
Лурд ѝ е ќерка на Мадона од бракот со Карлос Леон.