Српската пејачка Наташа Беквалац се омажи за својот дечко Љубо Јовановиќ.
„Барбиката од Нови Сад“ влегла во граѓански брак во строга тајност, дознаваат српските медиуми, истакнувајќи дека за тоа сведочи податокот што на венчавката не присуствувала ни родителите ни блиски пријатели на младенците, туку само кумовите.
Покрај тоа, Наташа со недели успевала да го сокрие фактот дека таа е мажена, а магазинот „Svet“ наведува дека Наташа на венчавката носела долг бел фустан.
Наташа и Љубо се забавувале неколку месеци пред три години. По раскинот, секој тргнал по својот пат, а на почетокот на минатата година сфатиле дека не можат еден без друг, и на крајот на минатата година повторно влегле во врска.
Инаку, Наташа пред четири години се разведе од ватерлополистот Данило Икодиновиќ, а од тој брак ја имаат ќерката Хана.